Додека во Катар се одржува Светското првенство, суспендираниот руски фудбал имаше интересно дерби во Купот на Русија, во кое шест фудбалери на Зенит Санкт Петерсбург и Спаартак Москва добија црвени картони по општата тепачка која се случи во финишот на мечот.
Кога беше означен крај на мечот на „Газпром арената“, Вилмар Бариос, бразилскиот дефанзивец на Зенит влезе во конфликт со холандскиот напаѓач на Спартак, Квинси Промес, а потоа се вмеша и Родригао од Зенит, за да почне хаосот. Судијата Владимир Москалев на крајот подели шест црвени картони – Родригао, Бариос и Малком од Зенит и Николсон, Александер Соболјев и резервниот голман Александер Селихов од Спартак.
Зенит потоа стигна до 4:2 победа на пенали. И покрај поразот, Спартак заврши на првото место во Групата Б во Рускиот куп за да се пласира во плејофот, додека Зенит се на третото место и ќе играат во регионалниот бараж.
Zenit vs Spartak today got seriously out of hand… 😳pic.twitter.com/xSisfaSGq9
— SPORTbible (@sportbible) November 27, 2022