Виљареал ја победи Мајорка со 3:0, во вториот меч од 22.коло во Примера. Натпреварот го обележа дефанзивецот на Мајорка, Франко Матијас Русо.
Аргентинецот, си постигна авто-гол и направи пенал поради кој беше исклучен.
Русо во 12.минута постига авто-гол со кој Виљареал дојде до предност. Водството го зголеми ману Тригерос во 34.минута.
Русо во 80.минута доби жолт картон, а шест минути потоа направи пенал, доби уште еден жолт картон и мораѓе да го напушти теренот.
Дани Парехо ги постави конечните 3:0.