Top Sport

Русод: Платата на Меси е неодржлива, или кратење или заминување

Платата која Лионел Меси ја добива на „Ноу Камп“ е неодржлива и мора да биде скратена доколку Аргентинецот реши да остане во Барселона, вели претседателскиот кандидат на каталонскиот клуб Емили Русод.

Иако никогаш не е кажано колку точно Меси добива од Барса, според магазинот „Форбс“ во 2020 добил 92 милиони долари од клубот. Во ера на корона вирус, која драстично ги намали финансиите на сите големи клубови, Русод вели дека се работи за нереална сума, дури и за 33-годишната легенда. Во март, Меси и соиграчите се согласија на кратење на платата за 70 отсто, но се работи за привремена мерка.

„На сите им е очигледно дека во актуелната ситуација во клубот, таква плата е неодржлива и мора да се дојде до договор. Сепак, ние имаме проект кој ќе биде атрактивен за него. Мислам дека сега му е поважен спортскиот проект. Кога тој најави заминување, не кажа дека се работи за проблем со парите, туку за спортските дострели. Никој не заработува повеќе во светот на фудбалот“, вели Русод, кој е поранешен потпретседател на Барса и еден од фаворитите на изборите на 24 јануари.

Scroll to Top