Top Sport

Гладбах со два гола по 90-тата минута до легендарно 3:3 реми со Ајнтрахт!

Ларс Штиндл го комплетираше хет-трикот во 95. минута за Борусија Менхенгладбах да извлече епско 3:3 реми на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, враќајќи се од два гола негатива.

Штиндл уште во 14-тата минута ги донесе гостите од Менхенгладбах во водство на „Дојче Банк парк“, пред домаќините да направат блескав пресврт до крајот на полувремето. Поранешниот фудбалер на Милан, Андре Силва постигна два гола за две минути (24. и 26.), од кои првиот од пенал, пред Ајмен Баркок во 32. минута по асистенција на Силва да зголеми на 3:1.

Сепак, ситуацијата на теренот се смени во 81. минута, кога Давид Абрахам доби втор жолт картон и домаќините останаа со играч помалку. Штиндл прво во 90-тата минута со гол од пенал намали на 3:2, пред во 95. минута да ги постави конечните 3:3.

Ова е трето реми во низа за Менхенгладбах, кои се осми во Бундеслигата, додека Ајнтрахт се наоѓаат на деветтото место.

Scroll to Top