Баерн Минхен направи уште еден чекор до освојувањето на титулата од Бундеслигата, триумфирајќи со 0:3 кај Арминија Билефелд во првиот меч по сензационалната елиминација од Лигата на шампионите од Вилјареал.
Тимот на Јулијан Нагелсман, како и тој лично, претрпеа огромни критики за неуспехот во ЛШ, за да се вратат на рутината на германскиот фудбал со победа кај претпоследнопласираниот тим на табелата.
Домаќините си постигнаа гол во 10. минута преку Лаурсен, пред Серж Гнабри во финишот на првото полувреме да го удвои водството. Џамал Мусијала во 85. минута стави точка на мечот со гол по асистенција на Роберт Левандовски.
Баерн се вратија на 9 поени предност пред Борусија Дортмунд на врвот на Бунеслигата со само четири кола до крајот на сезоната. Арминија е претпоследна со 26 поени, два поени од местото кое води во бараж за опстанок и три поени од „безбедните“ Херта Берлин.