Во традиционалниот саботен термин во Премиер лигата немаше изненадувања, а Манчестер сити и Арсенал како домаќини забележаа сигурни победи.
Бранителот на титулата Манчестер сити беше подобар од Борнмут на „Етихад“ со 4:0 (3:0), а се беше решено во простор од 19 минути во првото полувреме.
Потоа Илкај Гундоган, Кевин де Бруин и Фил Фоден постигнаа голови во 19., 31. и 37. минута за комотни 3:0, а конечните 4:0 со авто-гол ги постави Џеферсон Лерма во 79.минута.
Четири гола постигна и Арсенал во победата од 4:2 (2:0) над Лестер, а натпреварот го одбележа Габриел Жесус.
Новајлијата од Манчестер сити беше стрелец на првите два гола на натпреварот, во 23. и 35. минута, а потоа забележа уште две асистенции во моментите кога „лисиците“ успеаја да се вратат.
Поточно, во 53. минута Салиба несмасно си постигна автогол, но во следниот напад Арсенал го удвои водството поради големата грешка на голманот Вард, стрелец беше Џака.
Така беше и во 74. минута кога Медисон намали на 3:2, а во 76. минута Мартинели по додавањето на Хесус ги постави конечните 4:2.
Брајтон и Њукасл ги поделија бодовите во реми без голови, но „страчките“ се многу посреќни со бод.
Голманот Ник Поуп спречи неколку голови на домашните. Играчите на Брајтон не реализираа неколку изворедни шанси, а посебно се „истакна“ Паскал Грос, херојот од минатонеделната победа над Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.
Без голлви заврши и натпреварот Вулверхемптн-Фулам. Трагичар на овој меч беше Александар Митровиќ. Напаѓачот на Фулам во првиот дел промаши пенал.
Great save by Wolverhampton Wanderers keeper Sa from mitrovic from the penalty spot ????????????? pic.twitter.com/PZDd6EN0je
— Kenneth (@K_Dupey) August 13, 2022
И Саутемптон и Лидс ремизираа со резултат 2:2 (0:0).
Гостите водеа со двата гола на Родриго, но „светците“ од пораз ги спасија Арибо во 72. минута и Вокер-Петерс во 81. минута.