САД и Јамајка им се приклучија на Мексико и Панама во полуфиналето на Голд купот. Американците ја совладаа Канада по подобро изведување на пенали (1:1, 2:2, 3:2), додека Јамајка со минимален резултат беше подобра од Гватемала.
Драматичен беше мечот на ко-домаќините САД и Канада на стадионот во Синсинати. Американците на крајот имаа посилни нерви и изборија пласман во полуфиналето. Тоа беше вистински ролеркостер, кој беше решен дури по изведувањето на пенали.
Во 88. минута, „локалното момче“, играчот на Синсинати Брендон Васкез ги доведе Американците во водство и го крена стадионот на нозе. Сите веќе ги видоа САД во полуфиналето, но потоа следуваше шок во судиското надополнување. Пенал за Канада во 90+3 и прецизен од белата точка беше Виторија. Натпреварот отиде во продолженија.
Имаше и пресврт. Во 109. минута Шафелбург постигнува гол и и носи водство на Канада.. Сепак, радоста траеше само пет минути, кога Кенеди постигна авто-гол.
Во првата серија стрелците во регуларниот дел Виторија и Васкез не ги искористија пеналите. А потоа Мет Тарнер го одбрани ударот на Лијам Фрејзер. Кејд Кауел реализира пенал и Американците имаат предност. Потоа Милер и Расел-Роу погодија за Канада, односно Бусио и Фереира за САД. Во петтата серија Чарлс-Андреас Брим ја погоди гредата и ги испрати САД во полуфиналето.
САД во полуфиналето ќе играат против Панама, а Јамајка против Мексико. Реге Бојс победија со 1:0, а единствениот гол го постигна левиот бек на Лутон Бел во 51. минута.