Top Sport

Садио Мане останува верен на Ливерпул, доби нов продолжен договор

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане потпиша нов долгогодишен договор со Ливерпул, со поголема плата (која не е објавена) и на долг рок (кој исто така не е објавен).

26-годишниот Мане дојде на „Енфилд“ од Саутемптон во 2016 година за 34 милиони фунти, и оттогаш во 89 натпревари постигна 40 голови, играјќи во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона.

„Пресреќен сум што останувам во Ливерпул. Ова е голем ден за мене и сега едвај чекам да му помогнам на тимот да ги оствари соништата и да ги освои титулите. Не размислував долго кога добив оваа понуда. Клубот е во вистински момент, а и тренерот е на вистинско место. Ова е најдобрата одлука која сум ја донел во мојот живот“, изјави Мане.

Scroll to Top