Top Sport

Конор доби милионска понуда за три рунди со кинески кик-боксер!

Последните две излегувања на борба на Конор Мекгрегор завршија со неславни порази (прво од Флојд Мејведер Јуниор во боксерскиот ринг, а потоа од Хабиб Нурмагомедов во УФЦ октагонот), но тоа не значи дека Ирецот ја загуби моќта како светска спортска суперѕвезда.

Ова најдобро го покажува понудата од 5 милиони долари за егзибициска борба во три рунди против кинески кик-боксер, која ја откри неговиот менаџер Џон Кавано. По најавениот дуел на Мејведер против јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава, Кавано вели дека тие имаат и подобра понуда.

„Пред неколку дена добив порака – кинески кик-боксер дава 5 милиони долари за три рунди со Конор. И тоа е сериозна понуда, не е шега. Добивам многу понуди за мечеви, но оваа беше сериозна, а боксерскиот промотор е навистина познат“, вели Кавано.

Популарниот „Ноториус“ уште официјално е суспендиран од УФЦ по мешаницата по поразот од Нурмагомедов, но за „среќа“ оваа суспензија важи само на територијата на американската држава Невада (поточно Лас Вегас).

Scroll to Top