Сенегалецот Садио Мане за првпат го коментираше конфликтот со соиграчот од Баерн Минхен, Лирој Сане. Тој го удри со тупаница в лице Сане по поразот од Манчестер Сити со 3:0 во Лигата на шампионите.
„Такви работи се случуваат. Успеавме да го решиме овој мал проблем. Понекогаш е добро да се решаваат проблемите, но веројатно не на ваков начин. Сепак, сето тоа го оставивме во минатото“, изјави Садио Мане за сенегалската национална телевизија.
Конфликтот меѓу двајцата започна на теренот и се пренесе во соблекувалната. Мане по инцидентот беше казнет од клубот со 250.000 фунти и беше суспендиран на еден натпревар.