Марцело Брозовиќ по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти Интер. Брозовиќ нема намера да го продолжи договорот со Интер, доколку клубот не ги исполни неговите барања.
Брозовиќ е искусен и квалитетен фудбалер, а фактот дека за седум месеци ќе биде слободен играч, го прави привлечен за големите клубови.
Реал, Атлетико, Манчестер јунајтед, Тотенхем не го кријат интересот за хрватскиот репрезентативец.
„Кориере дело Спорт“ и „Ел Насионал“, тврдат дека фудбалерот кариерата ќе ја продолжи во француската престолнина, Париз.
„Брозовиќ ќе тргне по стапките на Рамос, Донарума и Вајналдум, како слободен играч ќе потпише договор со ПСЖ. Насер Ал Келаифи има дефинирана политика кока се во прашање слободните фудбалери. Зошто да плаќа за трансфер кога може да донесе слободен играч на кого ќе му понуди многу поголема плата и бонуси од сите други“, пишува „Ел Насионал“ и дополнува.
„Играчот од средниот ред по се изгледа решил да се пресели во француската престолнина. ПСЖ ќе му понуди она што не може да му го понуди ниту еден друг клуб“.