Top Sport

Сака ќе го продолжи договорот

Англискиот фудбалер Букајо Сака потпиша нов петгодишен договор со Арсенал до 2031 година.

„Би-Би-Си“ пишува дека Сака ќе стане најплатен играч на Арсенал, со плата од над 300.000 фунти неделно.

Разговорите за нов договор траат речиси една година, а Сака усно се согласи да ја продолжи верноста кон „Топџиите“.

Тековниот договор на Саки истекува во 2027 година, и очигледно тој ќе остане во Лондон можеби и до крајот на кариерата.

Тој го имаше своето деби за Арсенал како 17-годишник во 2008 година, откако помина низ академијата на клубот.

Досега, тој одигра 217 натпревари во Премиер лигата, постигна 57 гола.

Арсенал има четири бода предност на врвот на Премиер лигата и ќе игра против Манчестер Сити во финалето на Лига Купот.

„Топџиите“ се квалификуваа за осминафиналето на Лигата на шампионите, како и за петтото коло од ФА Купот.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');