Букајо Сака наскоро ќе го продолжи договорот со Арсенал. Младиот напаѓач ќе потпише договор до 2027 година.
Сака, еден од трагичарите во пенал-серијата на Европското првенство, кога Англија остана без титулата, треба да биде еден од носителите на играта на Арсенал.
Минатата сезона, Сака, од страна на навивачите, беше избран за најдобар играч, а Премиер лигата го прогласи за најдобар млад фудбалер.