Top Sport

Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал

Англискиот репрезентативец Букајо Сака и Арсенал ги договориле сите детали и фудбалерот наскоро ќе го продолжи договорот.

Сака со Арсенал ќе потпише петгодишен договор со неделна плата од 200.000 фунти.

„Дејли Мејл“, на почетокот на неделата најави дека приоритет на Арсенал е новиот договор на Сака.

21. годишниот фудбалер игра одлично оваа сезона. Тој е дел од напаѓачкото трио на Арсенал, заедно с Бразилците Мартинели и Жесус.

Сака досега на осум натпревари во Премиер лигата постигна еден гол и додаде четири асистенции.

Scroll to Top