Top Sport

Сака повторно ја доби наградата за најдобар англиски фудбалер

Крилниот напаѓач на Арсенал и Англија, Букајо Сака, втора година по ред ја доби наградата на Фудбалската асоцијација (ФА) за англиски играч на годината. Фудбалерот на Тотенхем Џејмс Медисон му ја врачи наградата на подготовките на англиската репрезентација. Сака наполни 22 години.

Минатата сезона Сака беше најдобар играч на Арсенал со 15 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања. Избраниците на Микел Артета беа на врвот во Премиер лигата до април, но на крајот не успеаја да го издржат налетот на Манчестер сити, кој ја освои петтата титула во последните шест години.

ФА оваа награда ја доделува од 2003 година, прв лауреат беше Дејвид Бекам, а најмногу пати ја освоил Вејн Руни, дури четири пати.

Scroll to Top