Италијанската тренерска легенда, Ариго Саки вели дека Атлетико Мадрид под Диего Симеоне играат досаден фудбал и дека е потребна поголема „убавина“ во фудбалот.
Саки, кој во минатото беше тренер на Атлетико, го следел мечот на Манчестер сити со Атлети во кое „граѓаните“ се намачија пред да стигнат до 1:0 победа, а Пеп Гвардиола го нарече фудбалот кој го играат „праисториски“. Саки вели дека ги почитува успесите на Симеоне, но има доста забелешки.
„Симеоне оствари многу резултати последните години. Нема сомнеж дека неговото искуство како фудбалер во Италија влијаеше на неговиот развој како тренер. Прво, не примај голови. А, потоа, да видиме што ќе се случи, да се потпреме на талент на дел од играчите и да се надеваме на најдобро. Да, Атлетико имат квалитет, но наместо да купуват играчи и да трошат многу пари, тие требаа да трошат пари на менувае на стилот. Да бидеме искрени, ваков начин на игра е досаден за публиката. Фановите сакаат убав фудбал, емоции. Каква емоција може да има во топки од 50 метри“, вели Саки во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Тој се потсети на коментарот кој му го дал Пеле по ЕУРО 2020, каде што Италија ја победи Холандија на пенали во полуфиналето.
„Пеле беше до мене, а ние победивме на пенали, иако цел меч бевме на нашата половина. Тој ми кажа: ‘Штета. Имате добри фудбалери, но не знаете како да играте фудбал’. Атлетико се однесуваат на ист начин – одбрана, одбрана, одбрана“, додава Саки.