Top Sport

Роналдо му одговори на Руни: Љубомориш, а?

Кристијано Роналдо неочекувано му одговори на својот поранешен соиграч Вејн Руни, кој тврдеше дека неговото враќање во Манчестер јунајтед не „успеало“, објавувајќи интересна објава на социјалните мрежи.

Руни беше во друштво со Џејми Карагер како гостин на „Скај спортс“ пред мечот Кристал палас-Арсенал, по што посочи дека клубот треба да се „ослободи“ од Роналдо и Пол Погба, бидејќи младите фудбалери се иднината на клубот.

„Двајца љубоморни“, напиша петкратниот освојувач на „Златната топка“ на Инстаграм.

И покрај тоа што честопати е прогласуван за главниот виновник за лошата сезона на Јунајтед, Роналдо има 18 гола во 32 настапи за „ѓаволите“, со што е најдобар стрелец на клубот оваа сезона.

Руни: Пуштете ги Роналдо и Погба, земете го Почетино и „заборавете“ на ЛШ

Scroll to Top