Легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки вели дека одлуката на Андреа Пирло да ја прифати работата како тренер на Јувентус беше „голема грешка“ која може скапо да го чини.
Пирло неочекувано првата тренерска работа ја доби во Јувентус како замена за Маурицио Сари на почетокот на 2020/21 и ја освои титулата од Копа Италија и Суперкопа Италијана, но клубот првпат ја загуби лигашката титула по девет години и веднаш беше заменет со Макс Алегри.
„Мислам дека може повторно да се врати во светот на фудбалот. Потребна и малку среќа, но тој отиде во Јуве, каде што беше речиси невозможно да успее. Ја прифати работата поради неговата амбиција и тоа беше катастрофална грешка, која може скапо да го чини“, вели Саки.
Пирло беше поврзуван со Барселона и Џенова последните недели, но Чави ја доби работата во Каталонија, додека Андриј Шевченко му стана тренер на Горан Пандев во Џенова.