Поранешната светска шампионка во уметнилко лизгање, Русинката Ирина Слуцкаја смета дека ритмичката гимнастика едноставно е женствен спорт и дека е сосема „необично“ да се гледаат машки натпреварувачи како ги копираат девојките.
Слуцкаја одговори на контроверзите кои ги предизвика нејзината поранешна колешка, Татјана Навка, која сподели видео од шпанскиот гимнастичкар Кристофер Бенитез со погрдни коментари, по што Бенитез тврдеше дека тоа е дискримирачки.
Бидејќи жените веќе влегоа во традиционално машките спортови како бокс и ММА борби, дали е необично и мажите да се обидат во спортови како ритмичка гимнастика и синхронизирано пливање?
„За нас ова е необично. Ритмичка гимнастика отсекогаш бил спорт за прекрасни, деликатни и естетски пригодни девојки. Можеби да носеа поинакви костуми, да не ги имитираа девојките, ќе беше поинаку. Но, кога ќе излезе момче во сукња… Кошмар. Со панталони, маичка, како обичните гимнастичари, без женска лента во рацете… Некои го споредуваат со балетот. Но, балетот е класика, нема споредба на ритмичка гимнастика со Бољшој. За мене е необично кога ќе видам маж како се однесува како жена“, вели 42-годишната Слуцкаја.