Легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки не беше импресиониран со тактичките одлуки на Симоне Инзаги, откако неговите Интер го загубија големото „Дерби дела Мадонина“ од Милан со пресврт во режија на Оливие Жиру (1:2).
„Нераѕурите“ поведоа преку Иван Перишиќ во првото полувреме и го контролираа мечот додека на сцена не стапи Жиру и со два гола да ги донесе „росонерите“ на само еден поен зад Интер на табелата. Во интервју за „Ла газета дело спорт“, Саки ја анализираше тактиката на Инзаги.
„Интер го направија тоа што го прават сите италијански клубови – откако ќе поведат, наместо да го нокаутираат противникот, се грижат за оддржување на контролата, го намалуваат темпото. Тоа не е добро. Мораш да нападнеш и да имаш храброст 90 минути или повеќе“, оценува Саки.
Тој посебно беше импресиониран од Брахим Дијаз и Мајк Мањан.
„Со Дијаз, Интер беа приморани да го тераат Брозовиќ да трча по противникот наместо да го следи Кеси. Дијаз беше најопасниот фудбалер вчера. Не сфаќам зошто Интер попуштија со притисокот, а мечот беше решен колку од Жиру, толку од Мањан. За мене голманот беше најдобар“, додава Саки.
Sacchi analizza il derby: "L'ingresso di Diaz ha cambiato la partita" https://t.co/ZIxi56om9j
— MilanNews.it (@MilanNewsit) February 6, 2022