Top Sport

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Рјоју Кобајаши стана првиот Јапонец со олимписко злато во скијачките скокови по Казујоши Фунаки, откако ја заддржа предноста по првата серија за да го додаде олимпискиот трофеј на титулата од „4 Скокалници“ која ја освои минатиот месец.

Кобајаши скокна 104.5 и 99.5 метри за да собере 275.0 поени на малата скокалница во Пекинг, за да го победи Австриецот Мануел Фетнер со 270.8 поени (102.5 и 104 метри), кој имаше најдобар скок во втората серија за да скокне од петтото место.

Изненадувачки, трет беше Полјакот Давид Кубацки и покрај тоа што беше само осми по првата серија со 265.9 поени (104 и 103 метри). Без медал остана словенечкиот ас Петер Превц на четвртото место, додека лидерот во генерален пласман во Светскиот куп, Германецот Карл Гајгер разочара и беше само 15.

Scroll to Top