Сенегалецот Диафра Сако на почетокот на годината реши да го напушти тимот на Вест Хем, а во клубот го заборавил својот скапоцен автомобил „Ламборџини“.
Сако, во јануарскиот преоден рок, незадоволен од малата минутажа реши да замине во екипата на Рен. Вест Хем му го овозможи трансферот, а Сако кога заминал од тренинг центарот го заборавил автомобилот вреден 250.000 евра.
По извесен период во клубот започнале да се прашуваат чии е автомобилот што собира прашина на паркингот.
Веднаш откриле дека негов сопственик е Сако.
„Толку многу заработуваше што автомобилот не му беше важен. Многу бргу откако го купи замина од клубот и едноставно го заборавил на паркингот“, открил извор од клубот за „Дејли мејл“.
Кариерата на Сако не тргна на подобро ниту во рен, поради што реши сезонава да ја мине како позајмен фудбалер во турскиот шампионат, во екипата на Бурсаспор.