Top Sport

Сакристан:Вардар не одигра толку лошо, ние бевме надмоќни и ефикасни

Реал Сосиедад го прегази Вардар со 6:0 во третото коло во Лига Европа, но тренерот на екипата од Сан Себастијан, Еузебиот Сакристан, смета дека „црвено-црните“ не одиграле толку лош натпревар.

„Заслужено победивме. Брзо постигнавме гол, а кога го постигнавме вториот и третиот гол се беше полесно. Задоволен сум од начинот на кој одигравме, цело време бевме во вистинскиот ритам. Кога сме во ваков ритам победуваме и многу посилни екипи од Вардар. Противникот не беше толку инфериорен, колку што ние бевме надмоќни и ефикасни. Мислам дека Вардар не одигра толку лошо“, рече на прес конференцијата по натпреварот Сакристан.

Scroll to Top