„Мохамед Салах би можел да направи сензационален трансфер во редовите на еден од ривалите на Ливерпул бидејќи сака да остане во Премиер лигата доколку со клубот не договори продолжување на соработката“, пишува „Атлетик“.
Египетскиот напаѓач е под договор со Ливерпул до наредното лето, но веќе подолго време никој не разговарал со него за можно продолжување на соработката.
Според овој извор, преговорите за новиот договор започнале пред една година, но во последните шест месеци немало состанок помеѓу преговарачките тимови.
„Атлетик“ додава дека останувањето во англиското првенство е единствена опција за Салах.
Челниците на Ливерпул и менаџерот на Салах не можат да се договорат околу финансискиот дел, како што пишува „Атлетик“, разликата помеѓу она што го нуди клубот и што го бара фудбалерот е „драматична“.
Салах за Ливерпул одигра 254 натпревари со 156 гола и 63 асистенции.