Top Sport

Тадиќ во Ајакс за рекордни 17,1 милиони евра

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на холандскиот фудбал, бидејќи за сума од 17,1 милиони евра треба да се пресели од Саутемптон во Ајакс, објавија медиумите во оваа земја.

Челниците на Ајакс, Марк Овермарс и Јероен Слоп, отпатувале во Англија за да го заклучат договорот. Трансферот би требало да биде потврден во наредните два дена.

Со славниот холандски тим, Тадиќ, ќе потпише четири годишен договор.

foto: epa

Тадиќ (29) ќе го сруши рекордот на сонародникот Миралем Сулејмани, кој пред неколку сезони од Херенвен се пресели во Ајакс за 16,2 милиони евра.

Српскиот репрезентативец по четири години минати во Саутемптон се враќа во Холандија каде настапуваше за Гронинген и Твенте.

Scroll to Top