Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах втора година едноподруго ја добива наградата за најдобар африкански фудбалер во избор на „Би-би-си“.
Египетскиот магионичар ја освојува титулата пред својот колега од Ливерпул, Садио Мане и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, откако постигна 44 гола во сите натпреварувања минатата сезона, а оваа сезона има 13 гола во 23 меча. Во топ 5 се и Мехди Бенатија од Јувентус и Томас Парти од Атлетико Мадрид.
Поранешниот нигериски плејмејкер Џеј-Џеј Окоча беше последниот фудбалер кој ја „одбранил“ титулата за најдобар фудбалер.
„Чувството повторно да се победи е фантастично. Среќен сум и следната година одиме на хет-трик. Оваа година имаше многу прекрасни моменти – мечот против Рома на ’Енфилд’ на пример ми беше омилениот меч. Постигнувам голови и помагам клубот да биде на првото место во Англија и чувството е прекрасно“, вели Салах.
Mo Salah, the #BBCAFOTY! ?
Full story: https://t.co/Efcbj24peJ pic.twitter.com/9Lfiql1uqS
— BBC Sport (@BBCSport) December 14, 2018