Top Sport

Салах е најдобриот африкански фудбалер за 2018

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах втора година едноподруго ја добива наградата за најдобар африкански фудбалер во избор на „Би-би-си“.

Египетскиот магионичар ја освојува титулата пред својот колега од Ливерпул, Садио Мане и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, откако постигна 44 гола во сите натпреварувања минатата сезона,  а оваа сезона има 13 гола во 23 меча.  Во топ 5 се и Мехди Бенатија од Јувентус и Томас Парти од Атлетико Мадрид.

Поранешниот нигериски плејмејкер Џеј-Џеј Окоча беше последниот фудбалер кој ја „одбранил“ титулата за најдобар фудбалер.

„Чувството повторно да се победи е фантастично. Среќен сум и следната година одиме на хет-трик. Оваа година имаше многу прекрасни моменти – мечот против Рома на ’Енфилд’ на пример ми беше омилениот меч. Постигнувам голови и помагам клубот да биде на првото место во Англија и чувството е прекрасно“, вели Салах.

Scroll to Top