Еден египетски навивач се „заборави“ и се обиде да го гушне Мохамед Салах при пристигнувањето во Русија, по што самата ѕвезда на Ливерпул мораше да реагира и да го потсети дека рамото му е повредено.
Навивачот сакаше селфи, но 25-годишниот Салах прво го предупреди на повредата на левото рамо од финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, по што му ја исполни желбата и се фотографираше со него.
This fan forgot about Salah’s shoulder injury! pic.twitter.com/jTFyLw5PPk
— golazolive (@golaz0live) June 10, 2018
Салах потоа беше пречекан и од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и од голем број навивачи на стадионот во Грозни, каде што е базата на египетската репрезентација.
Mo Salah feeling the love in Russia ? (That song though ???) @MoSalah pic.twitter.com/7UzKgCfGoU
— 433 (@official433) June 11, 2018
Салах изјави дека е ОК пред заминувањето за Русија, но египетскиот тимски доктор предупреди дека тој може да не е подготвен за првиот меч од шампионатот против Уругвај веќе в петок.