Top Sport

Салах ги пропушта натпреварите на Египет

Репрезентативецот на Египет Мохамед Салах ќе ги пропушти квалификациските натпревари против Кенија и Коморските острови поради повреда, објави британскиот сервис Би-би-си.

Напаѓачот на Ливерпул, во неделата против Манчестер сити постигна гол во победата 3:1, а потоа беше заменет во 87 минута. Салах бил заменет бидејќи чувствувал последици од ударот што го добил од Ферандињо.

Салах им се приклучил на соиграчите од репрезентацијата во Каиро, а откако му биле извршени дополнителни лекарски прегледи било констатирано дека нема да може да игра на двата натпревари.

Повредата на Салах не треба да ги загрижи навивачите на Ливерпул бидејќи спроед најавите тој ќе биде подготвен за дуелот со Кристал Палас на 23 ноември.

Scroll to Top