Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство следната година откако го победи Џибути со 3:0 во африканските квалификации.
Во групата А, коло пред крајот, Египет на првото место има недостижни пет бода повеќе од Буркина Фасо, која е на второто место. Египет четврти пат во историјата избори место на Мундијалот, претходно „фараоните“ беа дел од најголемата фудбалска смотра во 1934, 1990 и 2018 година.
Од Африка, место на Мундијалот претходно изборија Мароко и Тунис.
Египет убедливо го победи Џибути со 3:0 на гостински терен со головите на Ибрахим Адел и Мохамед Салах (два).
Покрај трите селекции од Африка и домаќините Канада, Мексико и САД, пласман на Светското првенство досега изборија: Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија.