Поранешниот фудбалер на Ливерпул Николас Ањелка им порачал на Мохамед Салах и Садио Мане да не прифаќаат понуда од Реал Мадрид. Салах сезонава во Премиер лигата забележал 19 голови и девет асистенции, а Мане има по два гола и асистенции помалку.
Ањелка во сезоната 1999/2000 играше во Реал но не успеа да се снајде најдобро во „кралскиот клуб“. Во Англија се врати во 2001 година кога потпиша со Ливерпул.
„Ливерпул има неверојатна тројка во нападот. Сите ги сакам, особено Роберто Фирмино, тој е клучен за успехот што го постигнаа Салах и Мане. Овие двајца во моментов меѓу петмината најдобри во светот“, рекол Ањелка.
„Имаат квалитет за Реал Мадрид, но овој денешен Ливерпул може да се натпреварува со Реал, нема потреба да заминат. Тие треба да останат во Ливерпул“.
„Јирген Клоп е гениј. Ми се допаѓа како работи и како се однесува со играчите. Ливерпул уште многу години ќе се бори за трофеи. Клоп го врати клубот таму каде што му е местото“, заклучил 41 годишниот фудбалер кој кариерата ја заврши во 2015 година.