Фудбалските мега-ѕвезди Мохамед Салах и Лионел Меси се главните ѕвезди во новата реклама на „Пепси“, во која двајцата се борат за последната лименка во фрижидерот на една бензинска пумпа.

Видеото започнува со двајцата како пристигнуваат на бензинската станица во сред пустина, и сфаќаат дека има само една лименка. За да одлучат кој ја заслужува, двајцата почнуваат со „предизвици“. Откако се израмнети во сите обиди, двајцата на крајот сфаќаат дека некој друг ја зема лименката.