Top Sport

Вестбрук подобар од Чембрлен – десетти трипл-дабл во низа за победа на Тандер (видео)

Пол Џорџ имаше 47 поени, а Расел Вестбрук постави нов рекорд со десетти последователен трипл-дабл учинок за Оклахома Сити тандер да стигне до 120:111 победа над Портланд во понеделникот навечер.

Тројката на Џорџ на 3:52 пред крајот дојде по 10. асистенција на Вестбрук, кој мечот го заврши со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции. Вестбрук го подобри рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен, кој имаше девет последователни трипл-дабл во 1968 година.

Џорџ, кој доаде 12 скока и 10 асистенции има неверојатни 92 поени во последните два меча, а победата беше четврта во низа и 11-та во 12 меча за Тандер.

Хјустон рокитс го победија Далас маверикс во тексашкото дерби со 120:104, предводени од повредениот Џејмс Харден, кој во второто полувреме ја исполни својата „квота“ од 30 поени. Харден заврши со 31 поен од 9-од-23 обиди, а додаде и осум скока, седум асистенции и пет украдени топки.

Уште четири други кошаркари на Хјустон имаа над 10 поени, додека од другата страна повторно блесна Лука Дончиќ, но неговите 21 поен, 10 скока и 8 асистенции не беа доволни Маверикс да победат.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Њујорк 107:104

Детроит – Вашингтон 121:112

Индијана – Шарлот 99:90

Торонто – Бруклин 127:125

Чикаго – Милвоки 99:112

Хјустон – Далас 120:104

Минесота – ЛА клиперс 130:120

Оклахома Сити – Портланд 120:111

Денвер – Мајами 103:87

Scroll to Top