Двајца играчи на Ливерпул, најдобриот стрелец Мохамед Салах и капитенот Вирџил ван Дајк се вратија во клубот порано од планираното.
И двајцата ги напуштија своите репрезентации Холандија и Египет, но од различни причини, јавува Би-Би-Си.
Капитенот на портокаловите, Ван Дајк, доби црвен картон на крајот од натпреварот против Унгарија во третото коло од Лигата на нации на УЕФА.
Тоа автоматски значи дека тој нема право да игра за Холандија во понеделник против Германија, па поради тоа предвреме го напушти репрезентативниот табор.
Капитенот на Египет, Мо Салах постигна гол во петокот во победата од 2-0 над Мавританија во квалификациите за Купот на африканските нации. Се очекуваше тој да го игра реваншот во вторник, но доби зелено светло порано да се врати во клубот.
Тоа е добра вест за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот пред неделното дерби од осмото коло во Премиер лигата со Челзи на „Енфилд“.
„Црвените“ моментално се први на табелата со 18 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити и Арсенал.