Мохамед Салах е играч на годината во Англија, во изборот на Унијата на професонални фудбалери. Египќанецот игра брилијантна сезона во Премиер лигата има постигнато 31 гол, вкупно 41 во сите натпреварувања.
Напаѓачот на Ливерпул ќе има можност да се бори и за наградата „Златна топка“, но само доколку успее со Ливерпул да ја освои тиутлата во Лигата на шампионите. Ливерпул во вторник го игра првиот полу-финален меч против Рома.
Congratulations to @LFC‘s Mo Salah, crowned the Men’s PFA Players’ Player of the Year ?? #PFAAwards pic.twitter.com/fpvxwZgfdP
— PFA (@PFA) April 22, 2018
Салах ја доби наградата во конкуренција на Кевин Де Брујне кој со Манчестер сити ја освои шампионската титула.
За најдобар млад играч е прогласен Лирој Сане од Манчестер сити.
Минатата недела Унијата на професионални фудбалери го избра и тимот на годината во Премиер лигата.
Де Хеа (манчестер јунајтед), Вокер (Манчестер сити), Отаменди (Манчестер сити), Вертонген (Тотенхем), Алонсо (Челси), Давид Силва (Манчестер сити), Де Брујне (Манчестер сити), Ериксен (Тотенхем), Салах (Ливерпул), Кејн (Тотенхем), Агуеро (Манчестер сити).
The PFA @premierleague Team of the Year!
? #PFAAwards @OfficialPanini pic.twitter.com/ZVOQAJZpCN— PFA (@PFA) April 22, 2018