Top Sport

Салах има најмалку три понуди да го напушти Ливерпул

Мохамед Салах, доколку не го продолжи договорот со Ливерпул, би можел да биде најголемата ѕвезда во летниот преоден рок.

Неколку месеци траат преговорите околу новиот договор на Салах. Фудбалерот не е задоволен од она што му го нуди Ливерпул, тврди британски „Телеграф“.

Доколку реши да го напушти „Енфилд“, на Салах нема да му биде тешко да најде нов клуб.

Според овој извор, постојат две земји каде Салах би можел да ја продолжи кариерата, Франција и Шпанија.

Пари Сен Жермен се поврзува со секој квалитетен фудбалер на пазарот. Клубот од Париз може да ги исполни барањата на фудбалерот. Во Шпанија во игра се Барселона, Реал Мадрид и Атлетико.

Веројатно во пол-позиција бил Реал, бидејќи Барселона има финансиски проблеми, додека на Атлетико пречка му е стилот на играта што го форсира иего Симеоне.

На Салах му оди одлично во англискиот клуб, оваа сезона постигна 22 гола и запиша 13 асистенции во Премиер лигата.

Scroll to Top