Top Sport

Салах ја продолжува „војната“ со египетската федерација, неговиот агент најавува бојкот

Рекордерот на Ливерпул и најдобриот фудбалер во Премиер лигата, Мохамед Салах го продолжи конфликтот со Египетската фудбалска федерација (ЕФА) поради правата за користење на неговиот лик.

Салах, кој има 43 гола оваа сезона, заедно со својат адвокат и агент, Рами Абас се обидуваат да ги надминат проблемите со ЕФА, но на само месец и пол пред Мундијалот, тие сметаат дека ликот на Салах не требаше да се најде на официјалниот авион на репрезентацијата.

Причината е во тоа што 25-годишниот Салах има договор со телеком-гигантот „Водафон“, но федерацијата има официјален спонзор во ривалите „ВИ“.

„За жал, ова е голема навреда за мене. Се надевав дека проблемите ќе се решаваат на подобар начин“, напиша Салах на арапски на Твитер.

Нејасно е до каде се подготвени да одат во конфликтот, но агентот Абас изјави дека „сите опции се можни“, вклучувајќи го и бојкотот на египетската репрезентација, што би била вистинска штета, прво за сите неутрални гледачи, а потоа за самиот Салах, кој беше главниот играч при обезбедувањето на пласманот во Русија.

„Не контактираа со нас за ништо! Целосна тишина! Кој знае кој е планот? Само гледаме повеќе билборди кои не сме ги одобриле. Мислат дека вака ќе ме натераат?“, напиша Абас.

Scroll to Top