Египет може да здивне. Мохамед Салах ќе настапи на Светското првенство во Русија. Салах се повреди, во саботата, за време на финалниот меч во Лигата на шампионите. Напаѓачот, финалето го напушти во 30.минута. Ливерпул без својот најдобар играч загуби од Реал 1-3.
Од моментот кога Салах го напушти теренот во Киев, започнаа шпекулациите околу сериозноста на повредата и дали тој ќе може да игра на СП.
Денес сите дилеми ги разреши Фудбалскиот сојуз на Егишет, со својата објава на социјалните мрежи.
„По денешниот состанок што претседателот Або Риде, во Шпанија, го имаше со докторот на репрезентацијата, Сојузот потврдува, дека фала му на Бога, дека отсуството на Салах нема да боде подолго од три недели“, стои во соопштението.
Египе на мундијалот партиципира во А-групата заедно со Русија, Уругвај и Саудиска Арабија.