Напаѓачот на Ливерпул и на египетската репрезентација, Мохамед Салах се врати на социјалните мрежи неколку дена откако ги деактивираше своите акаунти на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, за на крајот да се открие дека „мистериозниот“ потег е само рекламна кампања.
Салах ги зачуди своите милиони фанови на социјалните мрежи откако се прости со пораката: „Одлука во 2019 – време да се контактира, овојпат вистински“. Шпекулациите велеа дека тоа е дел од кампања за помалку време поминување на социјалните мрежи или фокусирање на фудбалот во сезона во која Ливерпул ја брка првата титула по 29 години.
На крајот, тоа е само реклама, како што „ДХЛ“ објави преку својата Инстаграм порака со текст: „Стигнавме до Мо Салах и сега можеме да го повеземе со вас“. По ова, Салах се врати со фотографија како отвара пакет на „ДХЛ“.
— Mohamed Salah (@MoSalah) January 25, 2019