Top Sport

Салах останува во Ливерпул и без Лига на шампиони

Рами Абас Иса, агентот на Мохамед Салах, ги демантираше шпекулациите дека Египќанецот може да си замине од „Енфилд“ доколку тие не се квалификуваат во Лигата на шампиони оваа сезона.

30-годишниот Салах минатото лето го продолжи договорот со Ливеерпул до јуни 2025 потпишувајќи го најбогатиот договор во историјата на Ливерпул, кои оваа сезона не им оди најдобро и се на 9 поени од четвртото место на табелата. Според шпанскиот „Фичајес“, Салах бил подготвен да си замине ако нема ЛШ фудбал следната година, но Абас Иса го демантираше тоа.

„Глупости. За такво нешто не е разговарано, ниту размислувало. Прво и основно, да не се квалификуваме во Лигата на шампиони воопшто не ни е во планот“, напиш Абас Иса.

Scroll to Top