Top Sport

Салах побарал астрономска плата, на потег е Ливерпул

Мохамед Салах има намера да ги наплати добрите партии во дресот на Ливерпул. Египќанецот им ги соопштил условите на клупските челници, под кои би го продолжил договорот. Салах има договор со Ливерпул до 30.јуни 2023 година.

Преговорите помеѓу Ливерпул и Салах се водат извесен период и засега тие се неуспешни. Доколку не се договори со фудбалерот, Ливерпул ќе мора да го продаде во летниот преоден рок, кога тој ќе влезе во последната година од договорот.

Јасно е дека сите во клубот сакаат Салах да остане на „Енфилд“, но прашање е дали „црвените“ ќе му овозможат на Салах неделна плата од 500.000 фунти. На годишно ниво тоа изнесува околу 28.000.000 евра, со што Салах би станал еден од најплатените светски фудбалери.

Салах го префрли притисокот врз Ливерпул со изјавата дека „има амбиција до крајот на сезоната да остане во Ливерпул“.

Scroll to Top