Top Sport

Салах признава: По ремито со Јунајтед, отидов во соблекувалната и плачев

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах открива дека плачел минатата сезона по ремито со најлутиот ривал Манчестер јунајтед, бидејќи тогаш сфатил дека ја загубиле битката со Манчестер сити за титулата.

Египќанецот признава дека му олеснало откако оваа година „црвените“ доминантно стигнаа до титулата, прв лигашки трофеј по 30 години, но признава дека минатата година по 0:0 ремито со Манчестер јунајтед плачел во соблекувалната бидејќи знаел дека тој меч ќе биде клучен.

„Фантастично е чувството да си шампион од Премиер лигата по толку долго време. Неверојатно. Се сеќавам лани против Ман јунајтед на гости одигравме реми и отидов во соблекувалната и плачев бидејќи тоа беше моментот кога мислам дека ја загубивме титулата. Сепак, оваа сезона е неверојатна откако лани ја загубивме титулата по 30 години“, вели Салах во разговор со Џејми Карагер.

Scroll to Top