Top Sport

Двоен удар – Тотенхем имаа мака со ВАР, но и со Шефилд јунајтед (видео)

Шансите на Жозе Мурињо да извојува пласман во Лигата на шампионите со Тотенхем стануваат помали, откако на гостувањето на „Брамал лејн“ загубија со високи 3:1 во меч во кој имаше и ВАР контроверзи.

Сандер Берге во 31. минута од првото полувреме постигна одличен гол, пред во следниот напад ВАР системот скандалозно да го поништи голот на Хери Кејн, откако претходно еден фудбалер на Шефилд ја шутна топката во раката на Лукас Моура, и ВАР системот одлучи дека се работи за играње со рака.

Во 69. минута, Лис Мусе беше несфатливо оставен сам во шестнаесетникот на Тотенхем и лесно го совлада Газанига за 2:0, за во 84. минута, Берге да му асистира на Оливер Мекбрни за високо 3:0 водство на „блејдси“. Во 89. минута, Хери Кејн по асистенција на Сон намали на 3:1.

Со победата, Шефилд скокна на седмото место на табелата со 47 поени, седум зад четвртопласираниот Челси, додека Тотенхем сега е само деветти со 45 поени на шест кола до крајот на сезоната.

Scroll to Top