Фудбалерите на Ливерпул се првите финалисти во Лигата на шампионите. Полу-финалето против Виљареал, Ливерпул го добија со вкупни 5:2.
„Црвените“ во финалето ќе играат против подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. Во првиот натпревар Англичаните победија со 4:3. Реваншот е вечерва во Мадрид. Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах посакува пласман во финалето да избори Реал.
Салах сака да се одмазди за поразот во финалето, во Киев, пред четири години, кога тој поради грубиот фаул на Серхио Рамос, теренот го напушти во 31.минута. Реал на крајот победи со 3:1.
„Сакам да играме во финалето со Реал Мадрид. Сити е навистина добар тим, игравме против нив неколку пати оваа сезона, но ако ме прашате лично кога би сакал, ќе ви кажам дека тоа е Реал. Секако, поради загубеното финале во 2018 година.“
Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона е закажано за 28. мај на стадионот „Франција“ во Сен Дени.