Top Sport

Салах, сепак, не го мрази Фирмино (видео)

Една од најзачудувачките работи во одличниот 3:2 триумф на Ливерпул над Пари Сен-Жермен беше реакцијата на Мохамед Салах откако Роберто Фирмино го постигна победничкиот гол на „Енфилд“.

Снимките кои го покажуваа Египѓанецот како луто го фрла шишето вода во раце беа протолкувани како неочекувана „бедна“ реакција од обично многу коректниот Салах, но навивачите на Ливерпул по анализа на сите снимки јасно покажаа дека тој прво слави пред да го фрли шишето. Така што – не, Салах не е „беден“.

Scroll to Top