Top Sport

Претседателот на луксембуршкиот Дуделанж: Не се плашам од смртта, па не од Милан!

Ф91 Дуделанж е првиот луксембуршки фудбалски клуб кој се пласираше во натпреварите по групи во Лига Европа, и утре за тоа ќе има чест да игра со италијанскиот гигант Милан, и претседателот на клубот има едноставна порака до италијанските противници.

Дуделанж на патот до ЛЕ ги елиминираше Легија Варшава и Клуж, а најзаслужен за успехот е претседателот Флавио Бека, кој вложуваше многу во својот клуб во последните години.

„Луѓето само ми се јавуваат и бараат влезници. Сите сакаат да го гледаат Милан, но на сите им давам ист одговор – нема карти! Цел ’Жози Бартел’ е полн. Оваа година играме во елитата, но и последните години бевме блиску. Како клуб од Луксембург, судиите не ни беа наклонети секогаш, но напорната работа се исплатеше и сега доаѓа Милан. Дали се плашиме? Јас не се плашам од смртта, а не од Милан“, вели Бака.

Scroll to Top