Top Sport

Салах славната победа ќе ја прослави со чај од камилица

Рекордерот по бројот на голови на Ливерпул, Мохамед Салах вели дека ќе ја прослави магичната 7:0 победа над Манчестер јунајтед, во која постигна два гола со „чај од камилица“.

Со двата гола против лутите ривали, Египќанецот го израмни и го помина рекордот на Роби Фаулер како најдобар стрелец на Ливерпул во историјата на Премиерлигата, со неговиот 128. и 129. гол.

„Навистина е посебно. Не можам да лажам, овој рекорд ми беше во умот од времето кога пристигнав во клубот. По првата сезона, постојано го бркав. Да се добие денеска против Јунајтед, со таков резултат, навистина е неверојатно. Затоа ќе прославам со моето семејство, со малку чај од камилица и со спиење“, изјави Салах по мечот.

Покрај рекордот по бројот на голови во ПЛ, Салах стана и првиот фудбалер на Ливерпул кој постигнал гол против Јунајтед во шест меча во низа.

Scroll to Top