Top Sport

Салах: Тоа е мој гол, навивачите ми го дадоа!

Мохамед Салах вели дека иако Ливерпул ги победија Тотенхем со 2:1 со драматичен автогол на Тоби Алдервирелд, голот е „негов“ бидејќи навивачите му го „дале“.

Драматичниот меч на „Енфилд“ ги зголеми шансите на Ливерпул за прва титула од 1990 година, откако Салах со глава го погоди голманот Иго Љорис, кој некако топката ја упати кај Алдервирелд и во мрежата.

„Мислам дека навивачите ми го дадоа мене! Гол е гол! Најважно беше да се освојат трите поени, а бидејќи не постигнав голови последните неколку мечеви, ова е мој гол. Има фудбалери кои ја имаат сезоната на својата кариера, а имаат исто голови како мене. Ова би требало да е моја лоша сезона. Големите тимови секогаш наоѓаат начин да освојуваат поени“, вели Салах.

Тој исто така ги пофали навивачите кои биле „фантастични“.

„Денеска Коп беше луд! Тие сакаат да ја освојат Премиер лигата и прават сѐ тоа да се случи. Тоа ни помага многу во мечевите. Секогаш е поинаку со навивачите. Секогаш“, додава Салах.

Среќата го посака „Енфилд“ – Ливерпул со смешен автогол извлече триумф над Тотенхем (видео)

Scroll to Top