Top Sport

Салах: Тоти секогаш ми бил идол, беше фантастично да се игра со него

Напаѓачот на Ливерпул, Мохаме Салах вели дека Франческо Тоти му е идол од детството и дека било остварување на сонот да играат заедно во Рома.

Двајцата играа две сезони заедно во „волчицата“, пред Тоти да замине во пензија, а Салах да направи трансфер во Ливерпул, каде што стана фудбалска суперѕвезда.

„Мои идоли кога растев беа Зинедин Зидан, Роналдо и Тоти. Кога ќе ги слушнете луѓето да зборуваат за Рома, секогаш слушате за Тоти. За мене тој секогаш беше неверојатен. Кога играв со него, се гледаше неговата генијалност. Да, тогаш веќе беше постар, но неговиот квалитет беше неверојатен“, вели Салах.

Тоти цела 24-годишна професионална кариера, од 1992 до 2017 ја помина во Рома, додека Салах беше таму од 2015 до 2017. Заедно тие стигнаа до едно трето и едно второ место во Серија А, но не успеаја да го сопрат Јувентус, кој тогаш беше доминантен во Серија А. Салах имаше 41 настапи за Рома со 29 гола.

Scroll to Top