Top Sport

Салах во 2018 година ги одбил Реал Мадрид!

Мохамед Салах ги одбил Реал Мадрид и решил да остане во Ливерпул во 2018, кратко пред поразот во финалето од Лигата на шампионите во Киев, каде што беше повреден од Серхио Рамос, тврди поранешниот египетски помошник-селектор, Серхио Рамос.

Напаѓачот постојано е поврзуван со трансфер од „Енфилд“ по фантастичната 2017/18, со Реал Мадрид и Барселона како главни заинтересирани клубови, и Ремзи вели дека „кралевите“ дале многу добра понуда за него, но Салах бил среќен на „Енфилд“.

„Кога работев со Ектор Купер бевме на тренинг-камп во Швајцарија во март 2018 година. Зборував со Салах и тој ми кажа дека Реал му дале понуда. Навистина добра понуда, но тој беше задоволен во Ливерпул“, вели Ремзи.

Понудата дошла пред финалето од Лигата на шампионите во Киев, во која Мадрид победи со 3:1, а Салах беше повреден на стартот на мечот, откако Серхио Рамос со еден опасен старт му го измести рамото. Салах се врати во форма пред Светското првенство тоа лето, постигнувајќи ги единствените два гола за Египет на СП во Русија, а неговата репрезентација не освои ниту еден поен.

„Фаулот на Рамос над Салах е мајстроски, сакаше да му ја скрши раката“

Scroll to Top